Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) е детерминиран да стане еден од главните лидери во развојот на демократијата, слободата и стабилноста во Југоисточна Европа. АДИ предвидува иднина во која секој индивидуалец или група е во состојба и слободно да партиципира во сите сфери на општеството, базирана во принципи од меѓународно признати човекови права и вредности.
Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) е НВО која има за цел да ги интегрира човековите права во политичкиот, економскиот и социалниот развој на Југоисточните Евроспки општества. АДИ има за цел да ги заштити и промовира меѓународните стандарди и вредности за човекови права, да го изгаради и да го зајакне граѓанското општество, и да ги подржи граѓаните, бегалците, мигрантите, ВРЛ, младите, медиумите, владата, приватниот сектор и други НВОа преку засапување, партиципирање и едукативни активности.