Реализирани Проекти за Бегалци, Мигранти & ВРЛ

Име на проектот: Тематска публикација од Групата за Законски прашања-“Владеењето на правото во земјите од поранешна Југославија И Албанија-Помеѓу теоријата И практиката”

Период на имплементација: Август 2005 – Април 2006

Место на имплементација: Земји од поранешна Југославија И Албанија

Целна група(и): Владини претставници, парламентарци, локални авторитети, судство, меѓународни организации пошироката популација.

Опис на проектот:
Се создаде една тематска публикација за законскиот рамковен договор И имплементацијата на законите од поранешна Југославија И Албанија, по препорака од Групата за Законски Прашања а која се базира врз анализи И практични предизвици на кои се наидува кога се работи со бегалци, внатрешно раселени лица И други луѓе кои се цел на присилни миграции како И жртви на други злоупотреби на човековите права, со еден осврт кон силните сеопфатни напори при поддржувањето на позитивните промени во регионот.

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска


Име на проектот: Група за Законски Прашања-Сеопфатна стратегија на застапување

Период на имплементација: Септември 2005 – Јуни 2006

Место на имплементација: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија и Србија

Целна група(и): Владини претставници, парламентарци, локални авторитети, судство, меѓународни организации пошироката популација

Опис на проектот:
Групата за Законски Прашања креира проект за посочување на општите политички прашања на регионално И национално ниво кој произлезе од секојдневната работа со бегалци И внатрешно раселени лица. Општиот Процес на Застапување е насочен кон постигнување на законска реформа, пристап до правдата И успешно справување со проблемите на бегалците на национално ниво како И регионална доследност на иницијативите постигнати на национално ниво

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска


Име на проектот: Група за Законски Прашања (Легал Иссуес Гроуп - ЛИГ)

Период на имплементација: 1999 – 2002

Место на имплементација: Македонија

Целна група(и): Бегалци, внатрешно раселени лица И лица без држава

Опис на проектот:
АДИ е водечки партнер во ЛИГ - Групата за Законски Прашања, партнер во Психо - социјалниот Проект за имплементирање на Извештајот за Социјални И Сопственички Прашања во Македонија И Косово. Законски експерти работејќИ заедно со партнерските НВО од проектот во Македонија И Косово изготвија анализи за бегалците, внатрешно раселените лица И лицата без држава И ги создадоа следниве книги: " Општествената интеграција на бегалците И лицата без држава во Македонија" (на англиски, македонски И албански).

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска