Програма за бегалци, мигранти И внатрешно раселени лица

Репатријација, приспособување И реинтеграција се приоритетите на Програмата на АДИ за бегалци, мигранти И внатрешно раселени лица. Уште од нашето основање ние работевме на решавање на ранливата И небезбедна позиција во која се најдоа многуте бегалци, мигранти И внатрешно раселени лица по распаѓањето на поранешна Југославија И неодамнешните етнички конфликти.

Разгранетоста на овие настани продолжува да создава пречки за овие лица да ги уживаат истите права како граѓани И пречки кон пристапот до одредени граѓански, политички, економски, социјални И културни права. Со поддржување И континуирани законски анализи АДИ работи во насока на подобрување на животите ден за ден, И заштита на правата на бегалците, мигрантите И внатрешно раселените лица. На овој начин, АДИ се надева дека ќе ја решИ нивната небезбедна позиција И ќе ги вклучИ прашањата за бегалците, мигрантите И внатрешно раселените лица во политичкиот, социјалниот, економскиот И културниот развој на земјите од Југоисточна Европа.

A lasting solution, the possibility to begin a new life, is the only dignified solution for the refugee himself. — Poul Hartling, UN High Commissioner for Refugees 1978 – 1985

Активностите на АДИ во рамките на Програмата за бегалци, мигранти И внатрешно раселени лица И понатаму се во насока на следење на законските анализи И поддршка како партнер во Групата за Законски Прашања ( Легал Иссуес гроуп - ЛИГ). Оваа Група подготвува публикации кои ги илустрираат процепите меѓу националната легислатива И меѓународните стандарди, а исто така И промовира регионална законска хармонизација низ национални подобрувања на легислативата. ЛИГ исто така собира информации за степенот на состојбата на бегалците, мигрантите И внатрешно раселените лица во Југоисточна Европа И поддржува И дистрибуира релевантни извештаи, документи И книги од своите истражувања за националните И меѓународните институции кои третираат прашања во врска со бегалците, мигрантите И внатрешно раселените лица.

Како дополнување на овие програмски цели треба да се истакне дека АДИ е конститутивна членка И член на Бордот Директори на Мрежата за Помош на Бегалци од Југоисточна Европа (Соутх Еаст Еуропиан Рефугее Ассистанце Нетњорк - СЕЕ - РАН) И член на Европскиот Комитет за Бегалци И Азиланти ( Еуропиан Цоммиттее он Рефугеес анд Еџилес - ЕЦРЕ).