Реакција по повод судењето за убиството на две деца и едно полнолетно лице
Visoka delegacija na Evropskiot ekonomski i socijalen komitet, na poseta vo ADI
08 октомври 2007,
Скопје-Гостивар
Реакција по повод судењето за убиството на две деца и едно полнолетно лице
Реакција од страна на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) по повод судењето за убиството на двете деца, браќата Енџин (13) и Енис Исмаили (17) и едно полнолетно лице, нивниот другар Раметула Ибиши(20) пред Интернет-кафето “21’ во ТЦ “Чаирчанка“ во Скопје.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Асоцијацијата за демократски иницијативи се повикуваат на ратификуваната Конвенција за правата на детето во 1993 год. од страна на Собранието на Република Македонија, која што е имплементирана преку позитивните законски прописи, меѓу кои и во Кривичниот законик, каде што е истакнато дека животот на секоја млада личност, а особено децата е од посебен општествен интерес.
Првата детска амбасада во светот и АДИ бараат заштита на децата без разлика на пол, вера, национална и верска припадност. Според Конвецијата за правата на детето, секоја држава потписничка е должна да работи во најдобар интерес на детето и основното право на секое дете е право на живот, мирно, спокојно и среќно детство.
Утре, 09.10.2007 (вторник) во Основниот суд Скопје 1, во Скопје ќе се одржи главен претрес против обвинетите за тројно убиство на децата на возраст од 13, 17 и 20 години, кои без своја вина беа жртви на криминален и насилен акт, убиство во пресметка меѓу две криминални банди. Овие деца, за жал, нема да ја доживеат радоста, да го довршат школувањето и да бидат чесни граѓани на оваа земја.
Како граѓански здруженија за заштита на правата на човекот и како Амбасада на децата која ги штити нивните права, апелираме до судот за соодветна кривична санкција со оглед дека се прекинати три детски животи. Очекуваме судот самостојно, непристрасно и стручно по завршениот главен претстрес да донесе соодветна казна спрема тројцата обвинети.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Асоцијацијата за демократски иницијативи како и досега се залагаат за целосно остварување на сите права на децата и како основно право на детето е токму правото на живот. Јавно регираме и бараме правдата да биде задоволена.

Visoka delegacija na Evropskiot ekonomski i socijalen komitet, na poseta vo ADI
Влијанието на цивилното општество во насока на што подобра имплементација на Рамковниот договор и процесот на децентрализација и конкретната улога на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) во овие процеси, беа главните теми кои беа разгледани на заедничката средба на АДИ со претставниците од Европскиот економски и социјален комитет (КЕЕС).
Високата делегација на КЕЕС, предводена од г-дин Миклóс Барабáс, известувач при овој Комитети, по постата на општинското раководство на Гостивар, оствари средба со г-дин Алберт Муслиу, извршен директор во АДИ и Лулзим Хазири, програмски директор, воедно и заменик член во Заедничкиот консултативен комитет (КПК) при КЕЕС, кој ги информира гостите за текот на имплементацијата Рамковниот договор и процесот на децентрализација и за придонесот кој го дава цивилното општесто во оваа насока.
Целта на оваа студиска посета на делегацијата на КЕЕС во Македонија беше во насока на запознавање со претставниците на организациите на цивилното општество како и на владините официјални лица. Оваа посета, исто така ќе помогне во подготвувањето за основање на Обединет Консултативен Комитет помеѓу ЕЕСЦ и цивилното општество во Македонија, кој ја доби поддршката од Европската Комисија и од македонската влада при четвртиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација.
Главната улога на КЕЕС е давање на мислења (околу 150 годишно) на Парламентот и Советот на Европската Унија, како и на Европската комисија, а фасцилитатор е и на граѓанскиот дијалог.
Освен за редовните контакти и соработката со мрежите на Националните економски и социјални комитети, како и со граѓанските организации на ниво на ЕУ, земјите членки и другите европски држави, КЕЕС е познат и по неговата експертиза и постојаната потрага за изнаоѓање на концензус (“dynamic compromise”).
На крајот на постата, европската делегација го посети и гостиварскиот пазар, каде што според Miklós Barabás, “се добива појасна слика за местото кое прапат го посетуваш”.
Гостивар (4/9/2007)
Кои се главните даночни обврски на граѓанските организации, дали тие можат да остварат приходи од директно инвестирање и директно да извршуваат стопански активности? Одговор на овие и други прашања кои ги засегаат граѓанските организации во земјата, беа дадени на третиот од серијата семинари организирани под наслов „Новите одредби во даночните закони кои ги засегаат граѓанските организации“, кој се одржа на 4 септември 2007 во просториите на Асоцијацијата за демократски иницијативи – АДИ во Гостивар. На овој семинар учествуваа претставници од дваесетина граѓански организации (ГО) од Гостивар и други градови, Министертвото за финансии, Управата за јавни приходи, локалната самоуправа, бизнис секторот и претставници од медиумите. Присутните се информираа за постоечката легислатива за даночните одредби и можности во земјата, од интерес за граѓанските организации, се презентираа даночни одредби за граѓанските организации и беа искажани мислења и препораки за измени во фискалната регулатива од интерес за граѓанските организации. Овој настан, во име на членките на Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ), го организираа Асоцијацијата за граѓански иницијативи (АДИ) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на компонентата „Подобрување на правната и фискалната рамка за граѓанските организации“, координирана од Фондација Институт отворено општество Македонија (ФИООМ)./p>
Скопје (31/8/2007)
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, во рамки на проектот “Воспоставување родови насоки во работата на медиумите, властите, полицијата и судовите“, на 31 август – 1 септември 2007 во хотел “Континентал“, Скопје, организираше регионална конференција. Оваа конференција беше поддржана од Балканската мрежа за човекови права (BHRN). Фокусот на оваа конференција беше да се открие што е направено во однос на родовите насоки во националните институции по колапсот на комунизмот во земјите на транзиција: Македонија, Албанија, Косово и Бугарија. За време на конференцијата беше презентирано истражувањето спроведено во споменатите земји за да се види како се имплементираат одредбите на CEDAW, каков е извештајот на властите и каков е извештајот во сенка; и како различните актери имаат придонесено во спроведувањето на CEDAW: Владата, НВО секторот и медиумите. Понатаму беше елаборирано учеството на мажите и жените во националните и приватните медиуми; како и правната рамка на родовите стереотипи и презентирањето секс и насилство во медиумите; мадиа кампањи против родовите стереотипи во секоја од земјите и други успешни иницијативи во оваа насока. Овој дел беше посебно значаен бидејќи во изминатите две декади со колапсот на комунизмот и раѓањето на информатичката ера – медиумите (ТВ, филмската индустрија, интернетот и списанијата) и маркетинг агенциите ги имаат зајакнато дури и влошено родовите стереотипи. Домашното насилство беше друг проблем, дискутиран на конференцијата. Во овој контекст се дискутираше за преземените досегашни акции од Владата, практиките на полицијата во справувањето со овој проблем и успешните НВО иницијативи во превенирањето на домашното насилство. Многу претставници од НВО секторот, медиумите, шелтер центрите и други релевантни институции имаа можност да ги изнесат своите ставови за време на конференцијата./p>
Гостивар (7/6/2007)
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) во рамките на проектот за Вмрежување на локалните ресурси, поддржан од World Learning, преку фондови на УСАИД, на 7 јуни, во хотелот “Хилтон“ (Green Center), во Гостивар, организираше еднодневна работилница на која се презентираа добрите практики во филантропијата во САД, Унгарија и Словачка како и Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, кој стапи на сила на 1 јануари 2007. Еден од главните предизвици со кои се соочува граѓанскиот сектор во Македонија е обезбедувањето на поширока поддршка од локални извори во насока на одржливост на граѓанските организации. Поголемиот дел од организациите се соочуваат со овој предизвик, имајќи ја предвид нивната зависност од разни странски донации за реализација и одржливост на долгорочните програми. Ваквата оценка се потврди и на работилницата, при што многу организации од Тетово и Гостивар за прв пат се запознаа со инструментите и практиките за прибирање ресурси од локалната заедница. Постои отсуство на знаења кај граѓанскиот сектор за идентификација на потенцијалните поддржувачи или донатори и воспоставување односи со нив, со цел обезбедување на поддршка за своите активности. Придонес во презентацијата на добрите практики за собирање на средства од заедницата и бизнис секторот, дадоа двајца претставници на Мировниот Корпус, Kate Robinson и Brendan Close. Никица Кусиникова од ЦИРa говореше за новите трендови и можности во Р. Македонија, додека експертот за даноци во Министерството за финансии, Славко Лазовски го претстави Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. На крајот на работилницата се констатира потребата за подетално запознавање со концептот на филантропија, техниките за прибирање средства и можни извори на финансирање. Исто така, се утврди дека недостасуваат познавања за содржината на Законот за донации и спонзорства, односно можностите кои ги нуди овој закон и се побара негова поголема промоција од страна на Министерството за финансии.
Гостивар (26/4/2007)
Во рамки на проектот "Граѓанското општество во акција”, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, додели грантови во износ од околу 73,000 американски долари на 15 НВОи од подрачјето на Гостивар, Тетово, Кичево и Дебар. Средствата се наменети за спроведување на проекти од областа на борба против корупцијата, подобрување на здравствената заштита и животната средина, локален економски развој и вклучување на маргинализираните групи во општествениот живот. Доделените грантови се во рамките на програмата за Локални партнерски иницијативи, поддржана од Институтот за трајни заедници (ИТЗ), преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).
"Градено врз цврсти вредности, граѓанското општество игра значајна улога во севкупниот општествен живот. Граѓанското општество треба да се надгради врз овој успех и да се залага за проширување на учеството на заедницата во своите иницијативи", истакна Шпенд Имери, претседател на АДИ и додаде дека граѓанското општество треба да одговори на два клучни социјални проблеми – борба против сиромаштијата, односно невработеноста и борбата против корупцијата.
Во име на Институтот за трајни заедници, директорката Стефани Раст им честиташе на добитниците на грантови и ги охрабри за успешно спроведување на проектите и воспоставување на партнерства помеѓу НВОи и локалните власти. Подготвеност за соработка со граѓанскиот сектор од страна на локалната власт, изрази портпаролката на Општина Гостивар, Њомза Селими.
Според Линдита Беџети, координатор на проектот, целта на Програмата за партнерски локални иницијативи е да поддржи локални иницијативи кои овозможуваат активно учество на граѓаните во донесувањето на одлуки од јавен интерес, давање придонес во решавање на проблемите со кои тие се соочуваат и подобрување на квалитетот на живеење во четирите општини.
Треба да се истакне дека од 15 проекти кои добија грантови во рамки на оваа програма, пет проекти ќе се имплементираат во општина Гостивар од страна на следните НВОи: Фондација информатички центар, Центар “Без граници“, Европски Линк Центар, Сојуз на жената Албанка-огранок Гостивар и Интер-етник проект. Во општина Тетово, исто така ќе се имплементираат пет проекти: Агенција за поддршка на претпријатија (ЕСА), Центар за јавна партиципација, Ѓелбрими, АДА и Центар за демократски развој. Три проекти ќе се имплементираат во општина Кичево од страна на Здружение на слепи лица, Фондација информатички центар и Центар за економски развој на регионот-Кичево и два проекти ќе се имплементираат во општина Дебар од страна на Толерантна младина и Центар за оддржлив развој на заедницата. Програмата за партнерски локални иницијативи АДИ ја спроведува во соработка со своите партнери: Агенција за поддршка на претпријатија (ЕСА) - Гостивар, РХАМ "Сонце" - Тетово, Центар за развој на заедницата – Кичево и Женски центар - Дебар.
Њу Јорк, Јуни 2007
Како организација со специјален консултативен статус при Економско-социјалниот совет на Обединетите Нации, АДИ поднесе квартален извештај до Комитетот за невладини организации. Извештајот се однесува на периодот 2003-2006 и содржи информации за главните насоки во работата на организацијата. Истовремено во извештајот се содржани информации за придонесот на АДИ во работата на ОН, односно соработката со специјалните тела и агенции. Тука значајно место зазема проектот што АДИ го спроведе како суб-регионален координатор на неформалната регионална мрежа (UN-NGO-IRENE) за Источна Европа, за основање институционални механизми за родова еднаквост на локално ниво, потоа проектот за регионална размена на волонтери (РИВЕР СЕЕ) и работилниците за партиципативно буџетирање.
Скопје (5/4/2007)
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), во рамки на Граѓанската платформа на Македонија (ГМП), организираше тематски форум насловен како “Бадинтерово мнозинство - примена на локално и централно ниво“. Форумот се одржа на 5 април 2007 година во Клубот на пратениците во Скопје и предизвика интерес кај претставниците од граѓанските организации и медиумите.
На форумот присуствуваше Бесим Догани, потпретседател на Собранието на РМ, кој во своето излагање укажа на податокот дека досега во Собранието се донесени 40 закони со Бадинтерово мнозинство, но сé уште има ситуации на дневно-политички манипулации со двојното мнозинство. Проф. д-р Елена Андреевска нагласи дека нема прецизни стандарди за начинот на спроведување на двојното мнозинство, но и дека секоја држава треба да обезбеди неопходни услови за ефективно учество на националните малцинства во однос на прашањата кои се однесуваат на нивниот културен, социјален и економски живот. “Досегашната примена на двојното мнозинство покажа неусогласеност на целиот концепт на локално и централно ниво, на централно ниво веќе се воспоставени процедурите, останува истото да се направи и на локално ниво“, истакна Алберт Муслиу, извршен директотор на АДИ. Општи заклучоци од тематскиот форум се дека Бадинтеровиот принцип сé помалку ќе се употребува на национално ниво, односно почесто ќе се применува на локално ниво. Досега премногу внимание се посветуваше на формата и се избегнуваше суштината и таквата состојба треба да се надмине со зајакнување на капацитетите на Министерството за локална самоуправа кое ќе треба сe повеќе да ги помага процесите на локално ниво.
Гостивар (23/3/2007)
Амбасадорот на Франција во Република Македонија Бернард Валеро, во рамки на посетата на Гостивар, оствари средба и со претствници на Асоцијацијата за демократски иницијативи. За време на престојот во АДИ, неговата Екселенција беше пречекан од претседателот на АДИ Шпенд Имери и извршниот директор Алберт Муслиу. Тие го запознаа амбасадорот со активностите на АДИ во сферата на зајакнување на цивилното општество, дадениот придонес во едукацијата и застапувањето на човековите права во Македонија и регионот на Западен Балкан, со посебен акцент на правата на етничките малцинства. Францускиот амбасадор се интересираше за локалниот економски развој како и за проблемите со кои се соочува невладиниот сектор. Тој ги охрабри претставниците од АДИ за нивната работа во насока на зајакнување на цивилниот сектор, мултикултурното општество и процесите на интеграција.
Гостивар, 2007
Како членка на Европскиот совет за бегалци и прогонети (ECRE), АДИ подготви Извештај за состојбата со бегалците и внатрешно раселените лица во Македонија. Во извештајот е анализирана политиката на “враќање“ со главен фокус на ситуацијата со бегалците од Косово и внатрешно раселените лица. Истовремено во извештајот се нагласуваат некои значајни прашања во однос на интеграцијата на бегалците, барателите на азил и ВРЛ. Извештајот има за цел да иницира детална и систематска идентификација на недостатоците во националната легислатива и нивно надминување, како и да понуди препораки за ефективна и оддржлива реинтеграција и социјална вклученост на бегалците и ВРЛ.
Гостивар, 2007
Во рамки на проектот “Споделување на власта: Нов концепт во процесот на донесување одлуки во мултикултурните општини“, АДИ во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Центарот за мир и демократија (Ian Colins), издаде Истражувачки извештај. Овој извештај настана како резултат на мониторинг процесот во четири општини во Македонија: Гостивар, Кичево, Дебар и Струга и содржи емпириски податоци и аналитичка проценка на процесот на децентрализација во четирите општини, како и на почетоците од спроведувањето на Бадинтеровиот принцип на локално ниво и можните насоки за развој на овој модел и процедура. Истовремено, извештајот дава јасна слика на структурата, институциите и културните разлики во општините Гостивар, Кичево, Дебар и Струга. Проектот, како и Истражувачкиот извештај, се финансирани од ЕУ и менаџирани од Европската агенција за реконструкција (ЕАР).
Гостивар (1/3/2007)
Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ), Центарот за Институционален Развој (ЦИР, и Меѓународниот Центар за Непрофитно Право (МЦНП), во соработка со Министерството за Вработување и Социјална Политика, организираше јавна дебата поврзана со Законот за Волонтерство. Неколку преставници на НВО учествуваа во оваа дебата, како и волонтери кои веќе работат во регионите на Гостивар, Тетово и Кичево. Целта на оваа дебата беше да се информираат учесниците за Законото како и разделување на искуства и ставови поврзани со волонтерството.Мирјана Алексевска, преставничка на Министерството за Вработување и Социјална Политика, подготви презентација во која ја престави содржината на и креирањето на процесите во Законот за Волонтерство. Учесниците дебатираа и дадоа препораки за подоброто формирање на Предложениот Закон. Презентацијата беше добро прифатена и се мислеше дека Законот е потребен за регулирањето и заштитата на волонтерството. Ова беше гледано како многу значаен сегмент на модерното општество која ќе придонесе во економскиот и општествениот развој на Македонија.
Гостивар (1/2/2007)
Изложба на форографија и документарец се одржа во Култруниот Дом на Гостивар под организацијата на Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ), и со подршка на Министерството за Надворешни работи . Околу 50 фотографии и три документарци беа кулминација на работата на учениците од поширокиота регион на Гостивар, под раководство на професионалниот фотограф Сашо Нискач, поранешен волонтер во АДИ. Повеќе од стотина учесници имаа можност да ги гледаат фотографиите кои беа реализирани во Гостивар, Тетово, Скопје како и во селата како што се Вруток, Пожаране, Ново Село, Зубовце, Леуново, Дуф, Маврово, и Сретково. Тие истотака имаа можност да ги гледаат трите кратки документарци кои го покажуваат животот на младите од различни националности во градот Гостивар. Целта на изложбата беше да се преминат различностите помеѓу различните етнички групи кои соживуваат во Гостивар:македонци,албанци, турци и роми. Оваа овозможи шанџа да се види и да се дискутираат културнитре разаличности и традиции на сите заедници кои живеат во овој регион во надеж да се надминуваат предрасудите помеѓу младите. За неговото специален и ексклузивен придонес во сферата на граѓанското општество на Сашо Нискач му беше доделена награда на Денот на Општината од страна на Градоначалникот на Гостивар.
Гостивар (15–16/12/2006)
Невладините Организации на Гостивар и на другите градови имаа можност да ги презентираат своите активности во регионеолниот НВО Саеем, кој беше одржан под рамките на Македонската Граѓанска Платформа. Саемо беше организиран од страна на Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) од Гостивар. Регионалниот НВО Саем беше одржан во ресторанот “Маврово”, во 15-16 Декември,2006.Во Саемот беа преставени околу 26 невладини организации од Гостивар, Тетово, Скопје, Кичево, Струга и Дебар. Во саемот беа дискутирани и прашања на активности поврзани со процесот на децентрализацијата, локалниот економски развој, Бадинтерово мнозинство, и Декадата на Ромите. “Стабилноста на иснтитуциите, гарантирана демократија, владеење на правото, човекови права се неопходни предуслови за приближување кон ЕУ. Во овој начин, граѓанското опшптество треба да стане цврст фактор за зацврстување на демократијата и така и клуч за ЕУ интегрирањето” тврдеше Шшенд Имери, претседател на АДИ, во отворувањето на саемот. Целта на случувањето беше да се информира јавноста за активностите на организациите на граѓанското општество, да се создаде место за разменување на искуства и да се зголеми регионалната соработка преку координирање и создаање на мрежа на организациите на граѓанското општество. Регионалниот НВО Саем 2006 како втор настан од овој вид, првиот НВО Саем беше одржан во Струмица. Како додаток уште три саеми се планирани да се организираат во Македонската Граѓанска Платформа.
За време на Август 2006 АДИ ја издаде книгата “Владеење на правото во поранешните Југословенски држави и Албанија:- помеѓу теоријата и праксата”. Анализитте опфатени во оваа публикација се поврзани со државјанството и правната рамка која адресира прашања поврзани со дравјанството на сите држави кои станаа независни по разделувањето на поранешна СФРЈ и Албанија. Сите анализи се направени од страна на ATF (Advocacy Task Forces) од Албанија, Босња и Херцеговина, Хрватска, Косово и Србија, кои се членови на Групата за Правни Прашања - Legal Issues Group (LIG) of на Балканската Мрежа за Човекови Права - Balkan Human Rights Network (BHRN) и Југоисточната Мрежа за Помош на Бегалците (SEE-RAN). LIG опфаќа околу 30 НВОа кои се активни во подрачјето на човекови права и бегалци. Многу од овие НВОа имаат долга историја во снабдување со правна помош и друга помош за бефалците, ВРЛ и повратниците, додека другите членови на НВОата се ангажирани за активностите за човекови права кои се повеќе ориентирани во анализирање и во преставување. Во сите анализи кои се опфатени во оваа публикација се рефлектира дека пробчлемот на државјанството е сличен, со помали исклучоци за Албанија и евидентна различност за Косово, бидејќи е поспецифичен случај. Анализите ги рефлектираат правните рамки било национални или меѓународни, имплементирањето на Законот во пракса и односот со другите закони. Актуалните случаи за проблемите за добивањето на државјанството истотака се презентирани. И на крај,имаа препораки кои резултираа од анализите. Оваа публикација е дел од понатамошниот круг кој е посветен на прашања како што се вработувањет, имотни права, пензии идр. Симнувајте ја книгата во PDF формат.
Во согласност со проектот “Споделување на Власта – нов концепт за процесот на одлучувањето во мултиетничките Општини во Македонија” четитри обучуваеа наречени “Улогата на човековите права во развојот на општеството” беа одржани во општините на Гостивар, Струга, Кичево и Дебар.обучувата започнаа во 25 и 26 Јуни 2006 во општина Гостивар, продолжувајќи во општина Струга на 1 и 2 Јули како и и во општина Кичево на 15 и 16 Јули за да завршат во општина Дебар на 22 и 23 Јули 2006.Сите тренинзи беа одржани за времетраење од еден месец. Времетраењето на едно обучување за еден град беше два дена. Составот на учесниците опфати Советници, престваници на НВОа, и преставници на различни асоциајации и здружениа. За време на обучувањето различни теми кои се актуални и кои се во интерес на општеството беа елаборирани и тоа за Човекови и Малцински Права и голем акцент беше ставен во Бадинтерово Право. Обуката беше водена од експерт со големо знаење за избраните прашања на обуката и кои во ист момент го преставуваат главниот фактор на полиичките и демокртаските процеси на Македонија кои се во развој. Обучувањето на советниците за Човекови и Малцински права како и за Бадинтерово Право беше целта на оваа обука. Факт е дека местата каде што потребата за имплементирањето на Бадинтеровото Мнозинство не е добро знаена од лицата кои се директно вклучени во неговата имплементација во одредените општини. Ова е причината затоа што Советниците за време на обуката покажаа голем интерес за прашањето Бадинтерово Мнозинство која во исто време е прашање од заеднички интереси и најактуална за сите мултитнички заедници кои преставуваат главното демократско средство за односите помеѓу мнозинстово и малцинството во Македонија. Главната цел која беше снабдувана од самиот проект и проект кордниаторот од друга страна беше тоа дека овие обуки треба да им помогнат на луѓето да ја сфатат важноста на Човековите и Малцинските Права/Бадинтеровото Мнозинство и да го практикуваат како што треба. Целните групи на овие тренинзи беа Општинските Советници, затоа што општините го прават процесот на одлучувањето во согласност со Бадинтеровото Право и тие се оние кои имаат најголема потреба за активности и обуки како овие. Обуките беа одржани успешно и сите учесници покажаа своја благодарност за погодената тема и погодените прашања опфатени во обуката.
Првиот состанок на Фокус Групата на Проектот “Коридор 8 – партнерите надвор од политиката” идејата на која беше да се стимулира соработката на државите преку кои овој ЕвропскиКоридор поминува, беше одржана на 11 и 12 Април во Хотел Континентал – Скопје. Процесот беше финансиски подржан од Министерството за Надворешни работи програма FRESTA и се имплементира од страна на Асоцијацијата за Демократски Иницијативи АДИ – Гостивар. Учесниците на Фокус Групата беа експерти од Македонија, Албанија и Булгарија, држави преку кои Коридор 8 поминува. Експертите беа од различни позадини: владини, медиуми, НВО преставници. Заедничката конклузија на состанокот беше идејата за да се развие прекугранична иницијатива за да влијае кај релевантни фактори со цел за да Коридор 8 да се врати во Агендата на приоритетите и да се зголеми влијанието на граѓанскиот сектор за оваа цел. Проектот ќе продолжи во Март 2007 и како додаток на активностите за лобирање, ќе се организираат конференции и изложби, автобус со новинари и уметници кои доаѓаат оф трите држави ќе патуваат од Влора (Албанија) до Бургас, односно преку оската каде пто Коридор 8 е предвиден да се конструктира. Коридорот Исток-Запад е дел од поголем проект кој ја опфаќа и конструкцијата на гасоводот Влора – Бургас, како и патишта, железнички, гасоводи, мрежи за транспортирање и инфраструктури. Конструктирањето на Коридорот не само што ќе ја намали далечноста помеѓу Европа и Истокот во економскиот и политичкиот аспект, но во исто време ќе ги спојува економските потенцијали на регионот.
Maврово (08-09/02/2006)
Асоцијацијата за Демократски Иницијативи во соработка со Хрватскиот Комитет во Хелцинки и со Центарот за Човекови Права во Белград ја организираше конференцијата “Презентација на националните извештаи за правната положба на постарите лица во Хрватска, Македонија и Србија”, 8-9 Февруари, во Маврово, Македонија. Преставниците и експертите на овие организации ги презентираа анализите и фактите за положбата на постарите лица во овие држави, после која се отвори една дискусија за нивниот статус и положба, перспективите и правата на постарите лица, со цел да се охрабрат стредствата кои треба да се преземат за подобрување на позицијата на постарите лица. Во дискутирањето на ова прашање свој придонес дадоа и владините преставници на Министерството за Вработување и Социјална Политика, како и експерти и преставници на НВОа.
Вториот ден на конференцијата, се фокусираше на социјалната положба на постарите лица, и се дискутираше позицијата на постарите лица во мултиетничките општества, услугите за постарите лица и нивната позиција во процесот на децентрализацијата, како и постарите лица како целна група во политичкиот маркетинг. Во крајот на конференцијата беше опфатено дека постои големo опаѓање на животниот стандард на постарите лица во регионот и треба да се превземат институционални мерк, посебно во руралните фамилии. Учесниците на конференцијата се согласаа дека е потребно да се зајакне солидарноста помеѓу генерациите и дека младите треба да се грижат повеќе за постарите. Глобализацијата како и сиромашноста беа истакнати како најголеми фактори кои влијаат во игнорирањето на постарите лица. Учесниците на конференцијата “Презентација на националните извештаи за правната положба на постарите лица во Хрватска, Македонија и Србија” се согласија дека Скандинавскиот модел за грижата на постарите лица е поадекватен за државите на регионот.
Скопје (20-21/02/2006)
Јавен-Приватен Финансиски Институт (PPFI) во партенерство со Оделот за Социо-Економски Работи на Обединетите Нации (UNDESA) во соработка со Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и со финансиката подршка на Германскиот Преку-Граничен Фонд за Пактот на Стабилност, организираше обучување насловена”Партиципативо Буџетирање”, на 20-21 Февруари,2006. работилмицата за обучување се одржа во хотел Континентал, Скопје и беше таргетирана за преставниците на граѓанското општество, владините институции, посебно за одделот за планирање и буџетирање, преставници на медиумите, бизнис секторот како и преставниците на меѓународните организации. За време на дводневниот тренинг, беше преставена иницијативата “Граѓаните и буџетот”, фискалната политика и нејзината значаеност, видови на даноци и нивна проценка, односите на буџетот со стратегиите за развој и средноусловни буџети, буџетот на локалната власт, граѓанската ангажираност и граѓанско учество, Застапување – Лобирање и медиуми и вистински случај на влијанието на граѓаните во буџет едуцирањето во Албанија.UNDESA е витален меѓу уред помеѓу глобалните политии во сферата на економијата, општеството и на животната средина како и нацонална акција. Мицијата на UNDESA/DPADM е да им помогне на државите членки во осигурувањето дека нивните владеачки системи, административни и финансиски институции, човечки ресурси и процесот на развојот на политиките функсионира на ефективен и партиципативен начин преку унапредување или гаење на диалогот, промовирање и разделување на информации и знаења, и снабдување со технички и советодавни услуги. Јавен-Приватен Финансиски Институт е регионален think tank, базиран во Албанија. Мисијата на PPFI е да го охрабри и подржува имплементацијата на економијата на слободниот пазар, со блиска соработка на национални, регионални и меѓународни институции.главните фокуси на PPFI е прашањето на Јавното финансирање, транспарентноста на буџетот и партиципирање. ADI е регионален think tank, невладина организација, основена во Гостивар, Македонија во 1994. АДИ има за цел да ги зашѕиѕи и да ги промовира интернационалните стандарди и вредности на човековите права, и да го зајакне граѓанското општество во ЈИЕ. На крајот на обуката на сите учесници им беа дадени сертификати.
Скопје (02/14/2006)
На овој ден Асоцијацијата за Демократски Иницијативи потпиша договор со USAID и со Институтот за Развој на Заедниците за да го зајакнат граѓанското општество во СевероЗападниот регион на Македонија. Овој проект насловен “Граѓанското Општество во Акција: Партнерство за Позитивни Општествени Измени” ќе ги зближи загрижените граѓани со НВОата за да имплементираат измени на политиките во општините на Гостивар, Тетово, Кичево и Дебар. АДИ ќе снабдува помош за регрантирање на граѓаните/неформалните групи и НВОата кои би сакале да ги следат општинските иницијативи во овие градови во областа на корупцијата, животната средина/здравство, економскиот развој и опфаќање на маргинализираните групи. Во Мај, 2006 АДИ ќе одржи јавна дебата за граѓаните и НВОата во областа на корупцијата, животната средина, здравството, економскиот развој и опфаќањето на маргинализираните групи. Во дебатата учесниците ќе дискутираат за прашање кои нив ги загрижуваат во локално ниво и ќе бидат информирани за процедурите за аплицирањеза да имплементираат нивни општински иницијативи адресирани за нивните грижи. Ако сте заинтересирани за учество на овие дебати контактирајте го АДИ во 042 22 11 00 за повеќе информации. Исто, информациите ќе бидат дистрибуирани и во медиумите во блиската иднина за времето и датумите на јавните дебати во Гостивар, Тетово, Кичево и Дебар.