Добродојдовте во Асоцијацијацијата за демократски иницијативи (АДИ), мултиетничка невладина организација со посебен консултативен статус во Економскиот И Социјалниот Совет (ECOSOC) при Обединетите нации.

Never doubt that a group of thoughtful, committed citizens can change the world. Indeed, it is the only thing that ever has. — Margaret Mead

Основан во Гостивар, Македонија во 1994, АДИ имплементира проекти за човекови права и за граѓанско општество кои ја промовираат демократијата и го поддржуваат мирот и стабилноста во Македонија и југоисточна Европа. Нашите активности се насочени кон поддршка, образование и јавна партиципација со асистенција од нашата национална, регионална и меѓународна мрежа од волонтери и партнер организации. До сега, АДИ има имплементирано стотина проекти низ цела Македонија а истото започна да го прави и во соседните земји. За подобар пристап до нашите цели АДИ основа канцеларии во Косово (Приштина), Албанија (Тирана), Босна И Херцеговина (Сараево) И во САД (Њујорк).

Покрај тоа, АДИ е истакнат член на Раководниот Комитет на мрежата за човековите права на Балканот (Balkan Human Rights Network - BHRN), истакнат член на Бордот директори на Мрежата за помош на бегалците од југоисточна Европа (South East European Refugee Assistance Netowrk SEE-RAN), член на Европскиот Комитет за Бегалци И азиланти (European Committee on Refugees and Exiles - ECRE), член на Меѓународната работна мрежа за лесно оружје (International Action on Small Arms - IANSA), член на CIVITAS INTERNATIONAL и беше избрана за Подрегионален координатор на ОН - НВО Неформалната регионална мрежа / Источна Европа.

АДИ е законски регистрирана во Република Македонија и е осмислена како невладина организација ополномоштена да ги спроведува граѓанските иницијативи. Таа е раководена од борд на директори составен од девет члена и борд на советници.