Реализирани Проекти за Човекови Права

Име на проектот: Програма за Разновидност и Демократија на ЈугоИсточна Европа (Втора фаза)

Период на имплементација: 2003 – 2006

Место на имплементација: Македонија

Целна група(и): Заедниците на етничките малцинства во Македонија

Опис на проектот:
Овој проект се фокусира во промовирањето на учеството на јавноста на етничките малцинства во областа на политиката и економијата во Македонија. АДИ организираше работилници за споделување на власта во Југо-Источна Европа (2003) како и работилница за Колекцијата на Етнички Податоци (2005) во соработка со Меѓународната Група за Малцински Права. АДИ истотака имаше обучувања за персоналот со цел да се подигне нивната свест за одредбите на Рамковната Конвенција за Националните Малцинства и преведе голем број на прирачници за застапување за етничките малцинства во локалните јазици.

Донатор: Меѓународната Група за Малцински Права (MRG)


Име на проектот: Програма за Различностите И Демократијата за Југоисточна Европа (Втора фаза)

Период на имплементација: 2003 – 2006

Место на имплементација: Македонија

Целна група(и): Етнички малцински заедници во Македонија

Опис на проектот:
Овој проект се фокусира на промовирањето на јавното учество на етничките малцинства во политичката И економска сфера во Македонија. АДИ организираше работилници за Поделба на Моќта во Југоисочна Европа (2003) како И работилница за Собирање Етнички Факти за Развојот (2005) во соработка со Меѓународната група за права на малцинствата. АДИ исто така организираше тренинзи за персоналот за да го прошири нивното познавање за одредбите на Рамковната Конвенција за Национални малцинства И преведе бројни водичИ за етничките малцинства на локални јазици.

Донатор: Меѓународна група за правата на малцинствата (Миноритѕ Ригхтс Гроуп Интернатионал-МРГ)


Име на проектот: Балканска Прогрема за Родова еднаквост при вработување

Период на имплементација: Август 2005 – Јули 2006

Место на имплементација: Албанија, Косово, Бугарија и Македонија

Целна група(и): Жени

Опис на проектот:
АДИ е консултант во овој проект, обезбедувајќИ експертиза И совет за родовата еднаквост. АДИ исто така помага да се изгради база на податоци за невладините организации на жени во земјите каде овој проект се имплементира. АДИ е партнер во овој проект како резултат на нашето поранешно искуство во имплементирањето на локална програма за да се подобрат институционалните механизми за родовата еднаквост.

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска


Име на проектот: Место за паркирање наречено желба

Период на имплементација: Декември 2004 – Декември 2005

Место на имплементација: Гостивар, Скопје, Прилеп

Целна група(и): Пошироката јавност, полицијата, законодавци

Опис на проектот:
АДИ беше партнер во овој проект и имаше за цел лобирање за нова легислатива во Република Македонија, во согласност со тековната легислатива на Европската Унија што би ги подржала И би ги промовирала правата за пристап И мобилност. Таа исто така се вклучИ во граѓанска едукативна програма за да стимулира вистинско чувство на општински дух И одговорност, особено водејќИ кон одредување, обележување И почитување на местата за паркирање наменети за лицата со инвалидитет.

Донатор: Европска Иницијатива за Демократија И Човекови Права


Име на проектот: Промовирање на правата на малцинствата И зајакнување на меѓу-општинското разбирање во Југо-источна Европа, Фаза 2 - (Национални планови за подршка)

Период на имплементација: Септември 2004 – Август 2005

Место на имплементација: Албанија, Босна И Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора

Целна група(и): Пошироката популација во Југо - источна Европа

Опис на проектот:
Проектот има за цел да ги заштити И промовира правата на малцинствата во Југо - источна Европа придонесувајќи во имплементацијата на меѓународните стандарди И домашната легислатива И да го зајакне меѓу-општинското разбирање низ: подржување на имплементацијата на меѓународните стандарди, домашната легислатива И политиките за заштита на малцинствата; подигање на свеста за правата на малцинствата И вредноста на меѓу-етничкиот дијалог.

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска


Име на проектот: Балканска годишна книга за човекови права 2004 - Правата на малцинствата во Југо - источна Европа

Период на имплементација: Март 2004 – Август 2004 (Објавена во 2005)

Место на имплементација: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора

Целна група(и): Малцинства од Југо – источна Европа

Опис на проектот:
Главната цел на ова издание беше да се направи осврт кон малцинските прашања со фокусирање на специфични случаи. Покрај известување, ова издание има за цел осврт кон теоретските перспективи И импликациите од овие теми. Овој пристап покажува дека теоријата И практиката треба да се движат во иста насока. Теоретските интереси ја вклучуваат импликацијата од недефинирањето на малцинствата во меѓународниот закон како И што значИ тоа за еден проблематичен регион каков што е Југо - источна Европа. Годишната книга се насочИ кон презентација на студии на случаи кои се репрезентативни за проблемите И пред се кон еден реален пристап. Во оваа насока е направен преглед на проблемите во легислативата И извештај за правата на малцинствата.

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска


Име на проектот: Промовирање на правата на малцинствата И зајакнување на меѓу - општинското разбирање во Југо - источна Европа Фаза 1 (Алтернативни извештаи за ФЦНМ)

Период на имплементација: Јули 2003 – Јуни 2004

Место на имплементација: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора

Целна група(и): Официјални претставници на власта И малцинства од Балканот

Опис на проектот:
Ова е регионален проект кој резултираше со нацрт И публикација на 7 државни извештаи за имплементацијата на одредбите од Рамковниот Договор за Заштита на Националните Малцинства во Албанија, Босна И Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Србија И Црна гора И Косово. Проектот го овозможИ учеството на НВО за да се зголеми нивното влијание врз малцинските прашања на национално И меѓународно ниво, но исто така И обезбеди неколку тркалезни маси на национално ниво кои се одржаа со релевантни официјални претставници од централната И локална власт, со национални И меѓународни НВО И други релевантни засегнати страни.

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска


Име на проектот: Формирање на институционални механизми за родова еднаквост на локално ниво

Период на имплементација: Март 2003 – Јули 2004

Место на имплементација: Вруток, Гостивар, Кисела Вода во Македонија. Парвомај, Горна Орјаховица, Варна во Бугарија.

Целна група(и): Локалните власти И жени

Опис на проектот:
Ова е проект кој беше имплементиран од страна на Асоцијацијата за Демократски Иницијативи во Македонија И од Бугарската Фондација за Родово Истражување во Бугарија. Овој проект имаше за цел да се справи со родовите прашања поврзани со родовата еднаквост во јавните институции И политиката И да се обезбеди дека И двата рода уживаат еднакви права на локално ниво И работат во насока на елиминација на родовата нееднаквост.

Донатор: Министерство за надворешни работи на Данска