Програма за човекови права

Општо познато е дека “демократијата, развојот И почитувањето на човековите права И фундаменталните слободи се меѓусебно зависни И взаемно се поддржуваат”. Затоа, должност на индивидуите И групите е да протестираат кога човековите права се нарушени од дејствија на државата или други дејствители во општеството. Асоцијацијата за демократски иницијативи во согласност со својата улога на невладина организација ги брани, набљудува И унапредува човековите права како средишна вредност на секое демократско општество. АДИ работи во насока да обезбеди гаранции дека ниту една индивидуа или група не е маргинализирана или исклучена врз основа на етнитетот, родот, расата, јазикот, религијата, инвалидитетот или некоја друга различност во развојот на Македонија И Југоисточна Европа И да гарантира дека конфликтите од минатото нема да се повторат.

The care of human life and happiness, and not their destruction, is the first and only object of good government. — Thomas Jefferson

Активностите на АДИ во рамките на својата Програма за човекови права вклучуваат собирање информации за непочитувањето на човековите права, преведување И дистрибуирање на релевантни извештаи, документи И книги од областа на човековите права на локални јазици И организирање семинари И работилници за соодветни интернационални/ национални инструменти И институции што се справуваат со прашањата за човековите права И нивната заштита. АДИ исто така учествува во концептирање на национални следствени извештаи што се однесуваат на имплементацијата од страна на владините институции за различни договори И други обврски од областа на човековите права. Овие обврски вклучуваат заштита на човековите права, подигање на свеста за значењето на нивното почитување во согласност со меѓународните закони И лобирање во различни владини институции за да се обезбеди заштитата на човековите права.

Најпосле, АДИ продолжува да учествува во меѓународни настани кои се однесуваат на човековите права и нивниот развој. На пример, АДИ беше вклучена како акредитирана организација во Светската конференција Против Расизмот во Дурбан како во процесот на подготвување на конференцијата, така И во самата конференција, И во Светскиот Самит за Одржлив Развој.