Едукација & Млади
Правото на образование е човечко право! Тоа е исто така и едно од најпродуктивните и најзначајните начини за создавање генерација на информирани индивидуи посветени на демократијата и позитивните социјални промени. Образованието може да го овозможи познавањето и разбирањето на различните култури и може да овозможи да се создаде промена со одржливи и мирни средства. Досега АДИ има имплементирано бројни образовни проекти кои градат капацитети за граѓаните, граѓанското општество и младите и на тој начин го промовираат мирот и стабилноста во регионот. Посветувајќи им се на четирите образовни приоритети ( учење за живеење заедно, учење за барање знаење, учење за делување и учење за животот), АДИ продолжува да го унапредува човечкиот развој во Македонија и Југоисточна Европа со тренирање информирани и социјално одговорни граѓани. Особено АДИ верува во моќта на младите луѓе да учат и да прават значајна промена во светот па затоа многу од нашите образовни проекти се насочени кон младите.
Активностите на АДИ во рамките на образовната и младинска програма вклучуваат преведување, објавување и дистрибуирање микро-студии и образовни материјали кои помагаат во информирањето на граѓаните за големите економски, општествени и политички развивања. Уште повеќе, со оглед на промовирањето на меѓуетничката соработка и меѓукултурното запознавање АДИ иницира неколку проекти што ги промовираат сличностите меѓу различните етнички групи во Македонија ( Македонците, Албанците, Ромите, Србите, Турците и Власите) за да се изборат со видливите разлики кои ги делат заедниците и ги илустрираат заедничките културни традиции и историјата во која свој дел имаат сите кои живеат во Македонија.
Младинската програма има за цел да ја вклучи младата генерација во активности кои ги интересираат нив, како што се спорт, странски јазици, компјутери, музика и уметност за да се иницираат и да се негуваат чувства на пријателство, социјален живот, различност, меѓуетничка толеранција и креативност. Програмата е развиена во две насоки. Прво, образовната компонента им обезбедува на младите часови по странски јазици, компјутери, животни вештини и дава можности за културни размени. Второ, психосоцијалната компонента организира младински активности од психосоцијалната област како и уметноста, музиката, театарот и други активности.