Тековни Проекти за Едукација & Млади

Име на проектот: Пронајден пријател

Период на имплементација: 2001 – сега

Mesto na implementacija: Македонија, Србија и Црна Гора, Косово и Албанија

Целна група(и): Млади / ученици од средните училишта во Југо-источна Европа

Опис на проектот:
Целта на овој проект е да го подржИ процесот на измирување преку подобрување на разбирањето на човековите права И препознавањето на различноста како особина на општеството И преку поттикнување на младите луѓе И нивните професори да преземат локална иницијатива. Младите во целните земји имаат тренинзи И предавања од областите на мирот И дијалогот, младите како заштитници на човековите права, улогата на младите во подобрувањето на меѓу- културните односи И улогата на меѓукултурното запознавање во создавањето на мултиетнички општества. Уште повеќе, младите кои се вклучени во овој проект организираат работилници И дебати за да ги поделат своите искуства И знаења со другите млади од регионот.

Донатор: ФРЕСТА


Име на проектот: Младински центар Вавилон

Период на имплементација: 2001 – сега

Mesto na implementacija: Гостивар, Македонија

Целна група(и): Млади

Целна група(и):
Овој проект развива програми И активности кои ги задоволуваат потребите на децата И младите, надополнувајќИ ги нивните животни вештини, учејќИ ги на здрави животни стилови И овозможувајќИ им простор да учат нови вештини кои би им помогнале на младите луѓе во текот на вработувањето, основањето семејства, комуникацијата И вклучувањето во општествениот живот. Овој проект го зајакнува нивото на младински иницијативи И активности на Центарот вклучувајќИ волонтери И родители И промовирајќИ го вклучувањето во заедницата за да се подобри позицијата на децата И младите луѓе. Овој проект исто така има цел да го зајакне капацитетот на локалниот невладин сектор за работа со млади луѓе.

Донатор: Агенција за млади И спорт


Име на проектот: Телецентар

Период на имплементација: 2005 – сега

Место на имплементација:Гостивар, Македонија

Целна група(и):Млади

Целна група(и):
Целта на Телецентарот е да го промовира И стимулира учеството во долгорочни образовни програми. Тие ги поддржуваат правата на луѓето со ниска куповна моќ да имаат еднаков пристап до овие програми со цел да развијат способности кои се бараат при активното учество во образовната економија. Тековните програми вклучуваат информативна И комуникациска технологија (ИЦТ), учење на англиски јазик И развој на животни вештини.

Курсевите во продолжение кои се нудени во Телецентарот:

  • МОДУЛ 1 - Основни знаења
  • МОДУЛ 2 - Windows XP
  • МОДУЛ 3 - Office Word 2003
  • MOДУЛ 4 - Office Excel 2003
  • MOДУЛ 5 - Office PowerPoint 2003
  • MOДУЛ 6 - Office Access 2003
  • MOДУЛ 7 - Internet Explorer и Outlook Express

Донатор: ФРЕСТА

за повеќе информации за Телецентарот на АДИ и курсевите кои се нудени, ве молиме контактирајте не во:

map to the telecenter ADI Telecenter
VII Zone bb
1230 Gostivar, Macedonia
Tel: +389 42 241 341
Fax: +389 42 241 341
Email: