Име на проектот: Поделба на моќта - Нов концепт на одлучување во мултинационалните општини во Македонија
Период на имплементација: Септември 2005 – Август 2006 (12 месеци)
Место на имплементација: Општините Гостивар, Дебар, Стуга и Кичево во Македонија
Целна група(и): Малцинствата И општинските советници во општините Кичево, Струга, Дебар и Гостивар
Опис на проектот:
Демократскиот систем во Македонија е суштински променет И воведени се нови инструменти И политики за заштита на правата на малцинствата. Тие вклучуваат атрибути на поделба на моќта ( консензусна демократија), рамноправно учество на малцинствата во владините институции (администрацијата, армијата И полицијата), право на вето (најважниот принцип на Бадинтер) при одредувањето на законите И локална самоуправа за малцинските заедници. Овие инструменти И политики се релативно нови кога се работи за Македонија. Затоа, овој проект надгледува дали одлуките донесени во локалните самоуправи се донесени со консензус или дали правилата на мнозинството или ветото на малцинствата ги загрозуваат правата на одредени етнички заедници во процесот на одлучување.
Донатор: Европска Агенција за Реконструкција (Еуропеан Агенцѕ фор Рецонструцтион -ЕАР) Програма на ЦАРДС за Југоисточна Европа.
Име на проектот: Информирани И слободни граѓани — Вклучување на граѓаните во работата на локалната управа
Период на имплементација: Мај 2005 – Ноември 2006 (18 месеци)
Место на имплементација: Пешкопи — Албанија, Струга и Гостивар-Македонија.
Целна група(и): Организации од локалното граѓанско општество, граѓани И локални управи од местата на имплементација.
Опис на проектот:
Овој проект има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на локалното управување. За да се постигне оваа цел ние ќе обезбедиме имформации за улогата на граѓанското општество во демократските процеси, ќе ја подигнеме свеста на граѓаните И ќе го поддржиме учеството на граѓаните во процесите на локалното управување.
Донатор: Европска Комисија: Програма на ЦАРДС за Југоисточна Европа.

Име на проектот: Организациско зајакнување на Асоцијацијата за демократски Иницијативи
Период на имплементација: Јануари 2004 – Декември 2006 (3 години)
Место на имплементација: Гостивар, Македонија
Целна група(и): Персоналот на АДИ
Опис на проектот:
Целта на овој проект е да ја зголеми работната ефикасност И нивото на транспарентност на организацијата. Програмата “Зајакнување на стратегиски организации” предвидува неколку активности какви што се: тренинзи за подобрување на работата на организациите, консултации, состаноци, семинари, студиски посети, транспарентност, веб страна, годишни извештаи И верифицирање, билтени, информативни материјали, истражувања, техничка опременост И други активности кои се однесуваат на подобрувањето на работата на АДИ.
Донатор: Македонски центар за меѓународна соработка (Мацедониан Центер фор Интернатионал Цооператион-МЦИЦ)
