Демократија & Цивилно општество
Граѓанското општество е критична компонента во создавањето на демократско владеење И мирно решавање на конфликти. Граѓанското општество исто така поттикнува дијалог, соработка И партнерство меѓу различните групи И индивидуи што ја зајакнува демократијата. Ова подразбира дека граѓаните И владите слично ги разбираат фондациите, институциите И практиките на нивните демократии доколку некогаш посакаат да создадат позитивни промени. Согласно со тоа, соединувањето на вредностите на доверба И толеранција меѓу различните групи создава поголема веројатност дека можат да се изнајдат решенија за битни политички, социјални И економски проблеми. Асоцијацијата за Демократски Иницијативи ги поддржува граѓаните, групите И невладините организации во градењето на нивниот капацитет бидејќИ ние знаеме дека едно различно И ефективно граѓанско општество е интегрален елемент на здравата демократија. АДИ исто така промовира вклучување на граѓаните во процесот на одлучување И работи со институциите на локалната самоуправа за да се осигура дека нивните практики се транспарентни, непресметливи, репрезентативни И сеопфатни.
АДИ основа три ресурсни невладини центри во Гостивар, Тетово И Штип. Центрите нудат часови по компјутери, курсеви за јазици И услуги на законско советување. Волонтерските организации исто така се поканети да ја користат бесплатно техничката опреми И средства. АДИ Центрите нудат професионален совет за индивидуи И групи на граѓани волонтери кои се заинтересирани за граѓанските иницијативи. Во волонтерите на АДИ се вклучени сметководители, доктори, економисти, адвокати, професори, кои ги ставаат на располагање своите професионални услуги на Центрите.
АДИ лансираше проекти чија цел е да ги запознаат советниците (избрани според новиот закон за локална самоуправа) со нивните законски обврски и овластувања и организираше семинари и конференции како на национално така и на меѓународно ниво, за да претстави подобри практики, за да го олесни трансферот на знаења и за да претстави нови иницијативи за регионална соработка меѓу претставниците на локалните управи во Југоисточна Европа. Најпосле, АДИ спроведува проекти кои поттикнуваат подобра соработка меѓу претставниците на локалната управа, медиумите и невладините организации.